Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уништувањето на јавното во интерес на приватното, тема на перформансот „ Градот како сцена-шетачката“

/

пред 1055 дена

Сподели преку :

Кога јавниот простор станува сцена и како јавните добра исчезнуваат пред налетот на личните, профитерски интереси, се прашањата што ги отвора перформансот „ Градот како сцена- шетачката“. Тој претставува продолжение на проектот со кој организацијата ФРУ се претстави годинава на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор. А, изведбата во киното на Железничка зграда е враќање кон почетоците на оваа група уметници од независната сцена, кои оживуваат заборавени и девастирани простори од минатото.

  • За нас дејствието е секогаш поврзано со некој политички аспект. Тука се занимаваме со врската, цело време се занимаваме со таа дијалектичка врска на јавното наспроти приватното. И јас мислам дека овој простор е добар репрезент, добар лик е за она што го работиме, вели кураторот Филип Јовановски.

Низ мултимедија проектот се фокусира на случаите со Домот на АРМ, Албанскиот театар за деца и млади, насилството што го создава звукот и на Мермерниот комбинат од Прилеп.

  • Затоа што доаѓам од Прилеп го донесов „ Мермерниот комбинат“ и го поставив прашањето , дали сме свесни како ги искористуваме нашите природни ресурси во оваа држава , тие што ги имаме, што се наши, а можеби не ни припаѓаат на нас, прашува перформерката и кореограф Викторија Илиоска.

Драмската програма на МОТ завршува вечерва со изведбата на „ Евангелие по Ф.М. Достоевски“, во режија на Јернеј Лоренци, а во продукција на СНТ од Нови САД. Претставата го поставува прашањето за постоењето на Бог, во свет во кој и најмладите се изложени на екстремни страдања.

  • Централниот дел од претставата е романот „ Браќа Карамазови“ во кој го има тоа главно преиспитување. Има ли Бог, нема ли Бог и ако го има зошто сè е така поставено како што е сега и зошто светот е толку суров, на примерот со децата. И потоа се случи сè она за што кажавте во Газа и станува навистина актуелно, вели актерот Радоје Чупиќ.

Вечерва ќе биде соопштено која од 6 претстави од независната сцена, ќе ја добие наградата „ Биш“, која МОТ ја доделува по втор пат.

Сотир Трајков