Главната британска опозициска Лабуристичка партија е подготвена за најголемата досега победа на општите избори во Велика Британија кои се закажани за следниот месец.
Според анкетите се очекува уште поубедлива победа од онаа од 1997 година кога партијата ја предводеше поранешниот премиер Тони Блер.
Според истражувањата централно-левичарските лабуристи на Кир Стармер ќе освојат 422 места во парламентот, со што ќе добијат мнозинство од 194 места, додека конзервативците на премиерот Риши Сунак се на пат кон нивниот најмал број пратеници во повеќе од еден век.
Според резултатите од анкетите конзервативците се очекува да паднат на само 140 места, губејќи ги клучните области во земјата како Лондон, североистокот и Велс.
Британците се разочарани од лошата економска ситуација во земјата, високите животни трошоци и несигурноста поради тоа конзервативците најверојатно ќе ја изгубат власта по повеќе од 15 години.
Општите избори во Велика Британија се закажани за 4 јули.











