Тројца скијачи загинаа во лавина во луксузниот француски зимски туристички центар Вал д”Изер, изјави Седрик Боневи, задолжен за скијачките патеки, пред новинарите. Тој додаде дека една од жртвите е француски државјанин, а останатите две се странци по инцидентот за кој истрагата е во тек.
Според француските медиуми, несреќата се случила надвор од уредените скијачки патеки. Засега не е познато што ја предизвикало лавината.











