Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лазаров го објави конечниот список со 20 ракометари за бараж двомечот со Словачка за пласман на СП 2027

/

пред 149 дена

Сподели преку :

Од првичниот проширен список со 35 ракометари отпаднаа 15. Меѓу 20-те имиња најбројни се играчите на Алкалоид и на Еурофарм Пелистер, двајца членови има новиот шампион Вардар, а единствен интернационалец е голманот Томовски.

Нашиот машки национален ракометен состав наредната недела против Словачка го игра двомечот за пласман на Светското првенство во 2027 година. Селекторот Кирил Лазаров првата прозивка ја закажа за недела во Скопје. Времето за подготовки ќе биде кратко, бидејќи на 14 мај Македонија ѝ гостува на Словачка, реваншот е три дена подоцна во Скопје.