Францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер денеска порача дека спроведувањето на реформите е суштински дел од процесот на приближување на земјата кон Европската унија. Тој нагласи дека Франција внимателно го следи напредокот и со нетрпение го очекува извештајот на Европската комисија за реформските резултати на Македонија.











