Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ленарчиќ: Екстремните временски услови поврзани со климатските промени стануваат секојдневие, потребно е да се зголеми нивото на подготвеност

/

пред 763 дена

Сподели преку :

Исклучително обилните врнежи што ја погодија Централна Европа и предизвикаа поплави во регионот. Во Полска се пријавени четири нови смртни случаи, три во Чешка и еден во Романија, па смтниот биланс надминува 20 луѓе.

Поплавите зафатија делови од Австрија, Чешка, Полска и Романија, а се очекуваше да ги погодат и Словачка и Унгарија до крајот на неделата.

Европскиот комесар за управување со кризи Јанес Ленарчиќ на седница на Европскиот парламент предупреди дека екстремните временски услови поврзани со климатските промени стануваат секојдневие. Тој го повика блокот да го зголеми нивото на подготвеност.

  • „Се соочуваме со Европа која истовремено поплавува и гори. Овие екстремни временски настани кои порано се случуваа еднаш во животот, сега се речиси годишна појава. Глобалната реалност на климатскиот дефект се пресели во секојдневниот живот на Европејците. Од клучно значење е заедно да ги засилиме напорите за подготвеност и одговор при катастрофи како на национално, така и на европско ниво за да се справиме со итни случаи исто како оние на кои сме сведоци денес. Затоа не правете грешка, оваа трагедија не е аномалија. Ова брзо станува секојдневие на нашата заедничка иднина“, истакна меѓудругото Јанез Ленарчиќ, Европски комесар за управување со кризи.