Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Либан: Најмалку 303 убиени во масовното израелско бомбардирање, сè уште вадиме тела под урнатините

/

пред 180 дена

Сподели преку :

Министерството за здравство на Либан соопшти дека бројот на загинати во вчерашното масовно израелско бомбардирање се искачи на 303. Притоа се наведува дека бројката не е кочена, со оглед дека спасувачките екипи и натаму вадат тела под урнатините.

Либанските здравствени власти додаваат дека од почетокот на израелското бомбардирање на 2 март загинале вкупно 1.888 луѓе, а на 6.000 се повредени.

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, пак, денеска тврди дека во вчерашните напади врз цели во Либан се убиени над 200 припадници на Хезболах или повеќе од 1.400 во досегашната воена кампања.