Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Либан пријави израелски напади и покрај прекинот на огнот

/

пред 122 дена

Сподели преку :

Израелските напади во Либан продолжуваат и покрај новиот обид за спроведување на кревкиот прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хезболах, јави денеска либанската државна Национална новинска агенција.

Утрината се случиле најмалку два напади со дронови врз различни возила во јужниот дел на земјата.. Израелската војска првично не даде коментар за овие настани, пренесе ДПА.

Израел и Либан во текот на ноќта повторно се договорија за чекорите кон спроведување на прекинот на огнот. Ова зависеше од целосниот прекин на нападите врз Израел од страна на проиранската милиција Хезболах, се наведува во заедничкото соопштение по разговорите меѓу претставниците на израелската и либанската влада во Вашингтон.