Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лицата со попреченост да бидат вклучени во политичкиот живот, бараат невладините

/

пред 1078 дена

Сподели преку :

Граѓанските организации бараат квотна застапеност на лицата со попреченост во политичкиот живот. Здружението Инклузива заедно со Институтот за човкови права подготвуваат иницијатива што планираат да ја поднесат пред македонските институции со цел лицата со попреченост да бидат вклучени во процесите на одлучување во општеството.

Лицата со попреченост бараат да бидат вклучени во изборните процеси и како лица што избираат и лица што ќе се бирани, но и набљудувачи. ОД Инклузива велат дека на ова прашање ќе мора многу да се работи, почнувајќи од физичката пристапност до институциите.

Здружението Инклузива вели дека земјите од регионот веќе имаат позитивно истапување во таа насока. Во Србија повеќе од една деценија лице со попреченост е дел од парламентот.

Сузана Мицева