Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Листата кандидати за нов обвинител испратени во влада

/

пред 249 дена

Сподели преку :

Собранието потврди дека до владата е испратена листата со имињата на кандидати за нов државен јавен обвинител.

Досега се пријавени 5 кандидати, актуелната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителките Лидија Раичевиќ и Ленче Ристоска; судијата во Основниот кривичен суд Скопје, Ненад Савески и поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, кој беше и разрешен.

Владата има обврска да го испрати мислењето до Советот на јавни обвинители кој треба да ги оцени пријавените, а кандидатот ќе го утврди владата по што Собранието гласа по предлогот.

Претходниот државен обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка истиот ден кога Собранието требаше да одржи седница за негово разрешување и покрај тоа што Советот на јавни обвинители не најде причина за негово разрешување.