Литванската разузнавачка агенција соопшти дека учествувала во меѓународна операција координирана од САД за неутрализирање на мрежа од компромитирани рутери што ги користи сајбер групата APT28 поврзана со руската воена разузнавачка служба GRU.
Според литванскиот Оддел за државна безбедност, оваа група систематски ги експлоатирала рутерите за интернет кои се наоѓаат во мали и домашни канцеларии низ целиот свет, особено оние поврзани со владини институции, одбранбениот сектор и критичната инфраструктура, менувајќи ги нивните DNS поставки и пренасочувајќи го интернет сообраќајот преку инфраструктурата под нивна контрола.
Разузнавачките агенции од различни земји вклучени во истрагата известуваат дека групата собира податоци и таргетира ваков тип на рутери низ целиот свет од 2024 година. Литванската служба за државна безбедност ги повикува жителите и организациите постојано да ја зајакнуваат сајбер безбедноста и да преземаат мерки за намалување на нападите на мрежните уреди и ризикот од потенцијални инциденти.
Т.Д.











