Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Излезност до 17 часот – 39,88%, помалку од пред 4 години- најмногу гласачи во Новаци и Чашка, најмалку во Центар Жупа

/

пред 350 дена

Сподели преку :

Според податоците на официјалниот сајт на ДИК, до 17:00 излезноста на цела територија на државате е 39,88% од запишаните избирачи. Тоа е за еден и пол процент помалку од излезноста за последните локални избори во 2021-ва, кога според соопштеното од ДИК, излезноста била 41,38%.

Најмногу излезени гласачи има во Новаци и Чашка.

Новаци 65,75%

Чашка 65,5%

Вевчани 61,84%

Лозово 61,09%

Крушево 60,94%

Дојран 60,91%

Најмала излезност е регистрирана во Центар Жупа каде не гласале ниту петина од запишаните. Во уште 3 општини има помала излезност од 30%.

Центар Жупа 19,15%

Врапчиште 20,94%

Маврово Ростуше 25,89%

Гостивар 28,02%

Како гласаат жителите во селата Блаце и Кожле? – репортажа на ТВ Телма