Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лондон со предупредување до Израел да не презема одмазнички чекори по иницијативите за признавање на палестинска државност

/

пред 389 дена

Сподели преку :

Ивет Купер, министерката за надворешни работи на Велика Бриранија изјави дека го предупредила Израел да не презема чекори за анексија на делови од Западниот Брег како одмазда за признавањето палестинска држава од страна на Лондон.

Изјавата на Купер дадена за британскиот национален сервис Би-би-си доаѓа пред денешната конференција во Обединетите нации (ОН) во Њујорк, на која ќе присуствува таа, и на која се очекува Франција и други држави да соопштат дека формално ја признаваат палестинската државност.

Британскиот премиер, Кир Стармер, вчера официјално објави дека Лондон признава палестинска држава, а истото, во координирани изјави го сторија и Канада, Австралија и Португалија.

Со  жестока реакција  се јави  премиерот Бенјамин Нетанјаху кој кажа дека ова е  огромна награда за тероризмот.

Нетанјаху: Палестинска држава нема да има западно од Јордан

Франција, Белгија и Нов Зеланд се подготвуваат денеска да ја признаат Палестина