Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Луѓето во центарот на Тирана имаат резерви дека Албанија наскоро ќе стане членка на Европската унија

/

пред 1084 дена

Сподели преку :

Луѓето во центарот на Тирана имаат резерви дека Албанија наскоро ќе стане членка на Европската унија иако во тек е скрининг процесот, а веќе втор пат Албанија е домаќин и на европските и на балканските лидери. Лани на Самитот ЕУ-Западен Балкан, сега на Берлинскиот процес.

 А, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен веќе е во Тирана.Според најавите треба да пристигне и францускиот претседател Емануел Макрон, што ќе биде прва посета на еден француски претседател на Албанија. Доаѓа и германскиот канцелар Олаф Шолц.

Темите на кои ќе се разговара на Самитот се интеграција на регионот во единствениот пазар и поддршка на зелената и дигитална транзиција на Западен Балкан. Тема е и новиот план за раст на Западен Балкан на кој работи Европската комисија, а кој еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи го смета за вистинска и клучна алатака за побрзо интегрирање на шесте балкански земји во Европската унија.

Но, што точно ќе донесе овој Самит? Дали челниците на Унијата ќе бараат прво Унијата внатрешно да се реформира, а потоа да се проширува? Одговори на овие прашања се можни на завршната прес-конференција на Самитот.

Критичарите веќе напишаа дека Берлинскиот процес станува процес на Кафка, полн со административни и други замки на патот на Западен Балкан кон ЕУ. А, тука се и пораките дека на Балканот не му е потребна симболика, туку конкретна политичка одлука.

Од Тирана, Марија Дивитарова