Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лукашенко ги покани Трамп, Путин и Зеленски во Белорусија на разговори

/

пред 593 дена

Сподели преку :

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Минск е подготвен да биде домаќин на трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија.

„Ќе седиме овде мирно и ќе постигнеме договор. Затоа пренесете му на Трамп дека го чекам овде, како и Путин и Зеленски“, рече Лукашенко во интервјуто со американскиот блогер Марио Навфал.

Тој, исто така, ја потенцираше улогата на американскиот претседател Доналд Трамп во барањето мир во Украина.

„Не би можеле да постигнеме никаков мир без Соединетите Американски Држави, ова прашање не би можело да се реши (без САД)“, додаде тој.

Трамп изјави дека Украина сепак е подготвена да се врати на преговорите за да се постигне мир. Ова доаѓа неколку дена по неговиот тензичниот состанок во Овалната соба.

Говорејќи на заедничката седница на Конгресот за првпат во неговиот втор мандат, Трамп рече дека добил „важно писмо“ од Зеленски претходно во текот на денот, во кое украинскиот претседател, исто така, изразил подготвеност да потпише договор за минерални суровини кога ќе му одговара на американскиот лидер.