Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Љутков: Една добиена тужба не значи дека сите 800 ќе ги добие Синдикатот за култура

/

пред 282 дена

Сподели преку :

Една добиена тужба не значи дека сите ќе ги добијат. Вака на денешниот брифинг министерот за култура и туризам Зоран Љутков одговори на прашањето на Телма за добиената втора тужба од вкупно 800, поднесена од Центарот за култура во Прилеп. Тужбата е од Синдикатот за култура на Македонија, а е во врска со пресметката на платите на вработените во културата, скратени за 3% во април, согласно пресметките на Министерството за финансии, за кои од СКРМ велат дека се незаконски. Според Љутков и втората како и првата пресуда биле донесени без вештачење.

„Тоа не значи ако една тужба е донесена, по автоматизам, или судска пракса како што се вика, сите 800 ќе бидат. Пресметката која што е направена, јас сум цврсто уверен дека е точна. Ќе почекаме да видиме што ќе се случи понатаму. Бидејќи, колку што сум јас информиран, и за првата и за втората веќе е поднесена жалба на Апелација, бидејќи се донесени на таков начин, на каков се донесени“, изјави Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Буџетот со кој располага ресорот култура во 2026 година е за 8,5% поголем од ланскиот и изнесува 5.520.504.000 денари или околу 90 милиони евра, а за туризам се обезбедени дополнителни 700 милиони денари или над 11 милиони евра.

Министерот кажа дека минатата недела бил отворен нов тендер, по неуспешниот есента, за избор на изведувач на реконструкцијата на Универзална сала. А, по формирањето на 13-члено тело за подготовката на проектот Скопје ЕПК-2028 година, чиј апликант беше Универзална, за кратко време ќе се формира и главното тело, рече министерот. Одговарајќи на новинарско прашање, дали тој ќе биде разрешен со владината реконструкција напролет, Љутков кажа дека досега не било разговарано на оваа тема и дека остава на премиерот да одлучи.

Сотир Трајков