Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мачадо му го даде својот Нобелов медал на Трамп

/

пред 262 дена

Сподели преку :

Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо му го даде својот Нобелов медал на Доналд Трамп на нивната средба во Белата куќа, велејќи дека тоа е признание за неговата посветеност кон слободата на Венецуела.

–Мислам дека ова е историски ден за Венецуелците, кажа Мачадо, која се сретна со Трамп помалку од две недели откако американските сили го заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Трамп на социјалните мрежи напиша дека тоа е прекрасен гест на заемна почит и ја нарече Мачадо чудесна жена.

Инаку Трамп веќе почна да соработува со Делси Родригес, која положи заклетва за нова претседателка на Венецуела и притоа не се откажа од Мадуро.

-Можеме да сметаме на претседателот Трамп. Му го врачив медалот за Нобелова награда за мир. Тоа е признание за неговата единствена посветеност кон нашата слобода, рече Мачадо.

 Мачадо која  кажа дека ќе ја дели наградата со Трамп, но од Нобеловиот комитет појаснија дека таа не може да се пренесе на друг.

–Откако ќе се објави Нобеловата награда, таа не може да се отповика, сподели или пренесе на други. Одлуката е конечна и важи засекогаш, соопшти Комитетот минатата недела.

Нобеловиот центар за мир пак соопшти дека „медалот може да го промени сопственикот, но титулата на лауреат не може.