Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мадуро сака да им го одеземе државјанството на граѓаните кои ја подржуваат идејата за воена инвазија на Венецуела

/

пред 350 дена

Сподели преку :

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, објави дека побарал од Врховниот суд да испита дали е уставно можно да се одземе државјанството на сите граѓани кои ја поддржуваат идејата или се приклучуваат на повици за воена инвазија врз Венецуела.

Според него, ваквите постапки претставуваат „предавство на татковината“ и директен напад врз националниот суверенитет. Мадуро се повика на член од Уставот, кој утврдува дека Венецуелците имаат должност „да ја почитуваат и бранат татковината, нејзините симболи и културни вредности, како и да го чуваат и штитат суверенитетот, националноста и територијалниот интегритет на земјата“.

Оваа иницијатива доаѓа во време на зголемени политички тензии и обвинувања од страна на владата во Каракас дека одредени опозициски групи бараат странска интервенција за соборување на режимот. Критичарите на Мадуро ја оценија најавата како обид за заплашување и ограничување на политичката опозиција.

Т.Д.