Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маѓар бара од Урсула фон дер Лајен, деблокирање на европски средства за Унгарија

/

пред 174 дена

Сподели преку :

Петер Маѓар, разговарал со претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, за деблокирање на замрзнатите европски средства за Унгарија.

Маѓар во статус на својот фејсбук-профил посочува дека во телефонскиот разговор била постигната согласност дека ослободувањето на средствата е еден од приоритетите, со цел граѓаните на Унгарија што поскоро да добијат пристап до развојните фондови на Европската унија.

Според него, Европската комисија порачала дека ќе соработува со идната унгарска влада за во најкус рок да се постигнат конкретни резултати и да се овозможи користење на средствата од европските фондови.

Маѓар посочува дека милијардите евра за Унгарија се замрзнати поради, како што вели, корупција во унгарската власт, додавајќи дека ослободувањето на тие средства е од клучно значење за националното стопанство и граѓаните.

Од Европската комисија потврдија дека Фон дер Лајен разговарала со Маѓар, оценувајќи дека соработката со идната унгарска влада е важна за напредок во користењето на средствата и за запазување на предвидените рокови.

Европска унија држи „замрзнати“ околу 17 милијарди евра, наменети за Унгарија  од фондовите за кохезија и за закрепнување по ковид-кризата.