Миленичиња облечени во специјално дизајнирани костими прошетаа на добротвротната Галата за миленици во Њујорк. Кучињата носеа светкави костими кои наликуваат на облека на познати личности.
Поставени пред објективот на камерите, милениците позираа како вистински ѕвезди, пренесувајќи го гламурот на еден поинаков начин. Едни носеа пердуви, додека други блескаа во розево платно.
Приходите од одржаната гала за миленици се наменети за Музејот на кучињата на Американскиот кинолошки клуб во Њујорк.















