Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина италијанскиот Робинсон Крусо

/

пред 631 дена

Сподели преку :

Мауро Моранди, познат како италијанскиот Робинсон Крусо почина на 89 години. Повеќе од три децении живееше сам на островот Будели кај Сардинија. Се пресели и ја напушти цивилизацијата по бродолом доживеан кај Филипини.

-Робинсон (Крусо) сакаше да си замине, јас не, рече Моранди во интервју снимено пред 7 години.

Но, властите пред три години го протераа затоа што ја надградил колибата на островот. Иако имаше обиди и петиција да му се овозможи враќање на островот, надлежните не ја променија својата одлука.

Постојано велеше дека на островот, здравјето го служи и немал ниту настинка.

Мауро додека живееше на Будели често мораше да се справува со неодговорни туристи кои фрлаа отпадоци. Храна добиваше со чамец.

По протерувањето се враќаше на островот, но само за дневен престој. Лани му се влоши здравствената состојба и беше згрижен во дом.

Мауро Моранди почина на 3-ти јануари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)