Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Два риса го збогатија пејзажот на Националниот парк Шар Планина

/

пред 200 дена

Сподели преку :

-На нашите трап-камери на територијата на паркот неодамна се регистрирани две нови единки од балкански рис, објави на Фејсбук профилот, Националниот Парк Шар Планина.

Балканскиот рис е еден од националните симболи на Македонија, но, спаѓа во категоријата на загрозени животни. Ова животно е ендемски вид на Југоисточен Балкан, а се претпоставува дека неговата популација брои 50-тина возрасни единки.

Во Македонија, балканскиот рис живее во неколку планински региони, меѓу кои и на територијта на Националниот парк Шар Планина.

Со двете нови животни, снимени со трап камерите, утврдено е дека бројот на идентификувани единки на рис се зголемил од три на пет.