Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Орегон играч на американската лотариска игра powerball освои џек-пот од 1,3 милијарди долари

/

пред 909 дена

Сподели преку :

Играч од американската држава на лотариската игра (Powerball) освои џекпот вреден повеќе од 1,3 милијарди долари, колку што изнесува една четвртина од државниот буџет на Македонија за 2024 година . Со добивката е ставен крај на серијата без доделен џек пот кој трае  повеќе од три месеци.

Џекпотот има готовинска вредност од 621 милион долари ако победникот избере да ја земе наградата одеднаш и сега. Доколку одбере да ја земе целата награда согласно правилата на лотариската игра  ќе биде исплатен  во текот на наредните 30 години.

Победничките броеви беа: 22, 27, 44, 52, 69 и црвената  9.

Никој во оваа година  ја немаше освоено главната награда на (Powerball) , што доведе до 41 последователни извлекувања без добитник на џекпот.

Наградата од 1,326 милијарди долари е рангирана како осма најголема во историјата на лотаријата на САД.

Шансите за добивка  беа 1 на 292,2 милиони.