Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Волково ја доби првата градинка – „Сонце“ има кружна форма и капацитет за 150 деца, изградбата чинеше 103 милиони денари

/

пред 1326 дена

Сподели преку :

Волково денеска ја доби првата детска градинка. Со изградбата на „Сонце“ е решен повеќедецениски проблем за граѓаните од тој дел на главниот град и околните населени места, а за најмладите се обезбедува пристап до квалитетна социјална услуга за ран детски развој.

Градинката во Волково е изградена во кружна форма и според современи стандарди. Има капацитет за згрижување на 150 деца. Во нејзината изградба и опремување се вложени близу 103 милиони денари.

„Сонце“ во Волково е деветта од вкупно 16 градинки кои се предвидени со „Компонента 2“ од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска Банка.