На планинскиот премин „Ѓавато“ има магла со видливост од 200 метри, информираат од „Македонија пат“. Од таму апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализацијаи прилагодување на брзината кон условите на патот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. На некои повисоки места има остатоци од кашест снег по интервенциите на дежурните екипи на „Македонија пат“.
Од „Македонија пат“ додаваат дека сите патни правци во државата се проодни без забрани и ограничување. На одредени патни правци кои минуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.











