Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Махмуд Абас со декрет најави формирање на нова палестинска влада- врвен приоритет ставање крај на војната во Газа

/

пред 939 дена

Сподели преку :

Претседателот на Палестинска управа, Махмуд Абас денеска со декрет најави формирање на нова влада. Претседателскиот декрет уследи по меѓународниот притисок за спроведување на реформи.

Абас претходно го именува долгогодишниот советник Мохамед Мустафа за премиер на Палестинската управа. Мустафа, кој е економист, не е член на ниту една партија и вети дека ќе формира технократска влада, ќе воспостави независен фонд за надзор на реконструкцијата во Појасот Газа.

Палестинската управа нема ингеренции во Појасот Газа откако Хамас насилно ја презеде контролата врз територијата во 2007 година, победувајќи ги силите лојални на ривалот Фатах, но има ограничена контрола врз делови од Западниот Брег.

Мустафа ќе биде и министер за надворешни работи, додека министер за внатрешни работи ќе остане Зиад Хаб ал Рих од движењето Фатах на Абас.

Најмалку пет од 23-те нови министри се од Појасот Газа, но не се знае дали сè уште се во енклавата.