Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мај донесе пад за индустријата, производството намалено за 2 отсто

/

пред 95 дена

Сподели преку :

Индустријата во пад. Статистика измери намалување од 2 отсто во мај годинава во однос на мај лани.

Од документот на статистиката може да се види дека во секторот рударство и вадење камен за една година има намалување од 3, 6 отсто.

Падот во преработувачката индустрија главно се должи поради падот на производството на прехранбени производи, пијалаци, тутун, облека, текстил, на основни фармацевски производи, метали и слично.

Намалување  има и кај капиталните производи, кај трајните производи за широка потрошувачка и друго. Раст е забележан во секторот енергија.