- “Сите овие мрежи кои функционираат неформално и се збир на повеќе граѓански организации на кои целта им е заштита на човековите права, следење и имплементација на меѓународните конвенции дојдоа до заклучок дека законите кои се испратија до Владата на усвојување не содржат елементи кои се клучни во заштитата и спречувањето на дискриминацијата во најзначајниот сегмент, а тоа е образованието“ изјави Маја Атанасова, Здружение на млади правници.
Споеред неа „МОН мораше врз основа на на пресудата на Европскиот суд за човекови права да направи усогласување на Законот за основно образование со пресудата Елмазова и други РСМ во која беше утврдена сегрегација на ромски ученици во основни училишта. Ова беше нешто што сите го очекувавме да се усогласи законот со оваа пресуда. Наместо тоа добивме предлог закон кој исклучува три заштитни елементи во однос на дискриминација. Родот, сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Овие елементи ќе останат заштитени со основниот закон за спречување и заштита од дискриминација, тој е основниот закон кој не штити, меѓутоа тоа исто така ќе значи дека во законот за образование кога било кој ќе го отвори и ќе прочита кои се основите за дискриминација веќе нема да ги најде тие три основи“.
- “Ние имавме можност да се сретнеме со министерката како претставници преку платформата за родова еднаквост со цел да можеме подиректно да ја претставиме не само правната рамка, туку и улогата на самите закони. Ние не можеме од граѓаните да очекуваме да ја имаат целосната слика за нашите закони, доколку гледаме дека не им ги претставуваме сите закони и информации на правилен начин потребни понатаму им се потребни за да ги бараат своите права“ вели Сара Миленковска, Мрежа СТЕЛА.
Додека според Миленковска „Сепак останува на нивната одлука да овие конкретни нееднаквости бидат исклучени, тие сметаат дека во Законот за основно образование станува збор за некои покомплекси термини и дека во законот за заштита од дискриминација дека сето ова е покриено. Меѓутоа она што го гледаме на некој начин е уназадување на сегашните закони , но и на узадување за тоа која е позицијата која нашите институции ја имаат во однос на родовата еднаквост, особено кога ни кажааа дека родители биле загрижени“.











