Белградски Инперпол ја извести хрватската полиција дека во март е пронајдено тело на дете во реката Сава. Полицијата во Загреб попладнево објави дека, преку меѓународна полициска соработка и ДНК анализа е утврдено дека се работи за жртва на казненото дело „Тешко убиство“ сторено на 15 јануари оваа година во хрватската престолнина.
Станува збор за случај од почетокот на годината, кога се денови траела потрагата хрватските спасувачки служби за тригодишно девојче кое мајката го внела во реката Сава во Загреб. Мајката тогаш беше испраша од Жупаниското државно обвинителство во Загреб и притоа ѝ беше одреден истражен притвор за сторување на тешкото казнено дело. Истратата сè уште трае, а мајка и натаму е во истражен притвор, објави индекс.хр.











