Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мајката на Навални побара од Путин да и биде предадено телото на нејзиниот син

/

пред 977 дена

Сподели преку :

Телото ќе биде достапно за семејството после две недели. Мајката на Алексеј Навални била информирана дека телото е задржано на „хемиска анализа“. Но, каде се наоѓа телото нема потврда од руските власти. Таа денеска му се обрати директно на Путин.

  • Зад мене е казнената колонија ИК-3 „Поларен волк“, каде мојот син Алексеј Навални почина на 16 февруари. Не можам да го видам пет дена, тие не ми го даваат неговото тело, а тие не ми кажуваат ни каде е. Се обраќам кон тебе, Владимир Путин, одговорот на прашањето зависи само од тебе. Дозволете ми конечно да го видам син ми. Барам телото на Алексеј веднаш да биде дадено за да можам човечки да го погребам, рече Људмила Навалнаја, мајка на Алексеј Навални.

Со ветување дека ќе продолжи со борбата за „слободна Русија“, Јулија Навалнја директно го обвини рускиот претседател Путин за убиство на нејзиниот сопруг, тврдеше дека неговото тело се чува додека не исчезнале трагите од труење со нервниот агенс Новичок. Навални веќе преживеа обид за убиство со Новичок во 2020 година. Порпаролот на Путин, обвинувањата на Јулија ги нарече „дрски обвинувања“

  • Се разбира, ова се апсолутно неосновани, дрски обвинувања за шефот на руската држава. Но, имајќи предвид дека Јулија Навалнја стана вдовица само неколку дена претходно, ова го оставам без коментар, рече Дмитриј Песков, портпарол на Путин.

Неколку европски земји ги повикаа руските амбасадори на консултации со порака „Русија е одговорна за смртта на Навални“. Берлин од Москва побара ослободување на сите политички затвореници. Додека во Русија се уапсени стотици поддржувачи на  Навални, во центарот на Рим илјадници луѓе со свеќи во рацете го изразија својот гнев по смртта на рускиот опозициски лидер.

  • Тоа е насилен систем, не знам како правилно да се изразам, бидејќи зборовите не се доволни.Се чувствувам толку тажно, повеќе од луто, се чувствувам тажно- Франческа Милоци, демонстрант.
  • Смртта на Алексеј ме боли, сакав да бидам тука со луѓе кои ја делат истата болка, луѓе кои ќе ја сфатат- Никита, Русин кој живее во Италија.

Поради целосното задушување на опозицијата и независните медиуми, недостатокот на кредибилни алтернативни кандидати и отсуството на меѓународен надзор, претстојните претседателски избори во Русија, според европските дипломати нема да бидат ниту слободни ниту фер.

Билјана Ставрова