Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Макаби се враќа во Белград, каде ќе игра против Анадолу Ефес и Фенербахче во Евролигата

/

пред 219 дена

Сподели преку :

Кошаркарите на Макаби Тел Авив се враќаат во Белград, каде ќе бидат домаќини на Анадолу Ефес и на Фенербахче, соопшти Евролигата.

Натпреварот од 33-то коло меѓу Макаби и Фенербахче ќе се одигра на 24 март во Белград, а Анадолу Ефес ќе гостува кај израелскиот претставник во српскиот главен град на 2 април (четврток), наместо на 1 април како што беше првично планирано, се додава во дописот на Евролигата.

Две години Макаби играше во Белград како домаќин во Евролигата, поради воените активности во Појасот Газа, но доби дозвола да се врати во Тел Авив во декември лани.