Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонци се приведени во Хрватска, на сообраќајни знаци лепеле налепници со кирилични букви

/

пред 124 дена

Сподели преку :

Тројца македонци се осомничени за кривично дело оштетување на туѓ имот, кое е извршено минатата недела во областа Цавтат, соопшти хрватската полиција.

По претходно добиените пријави, службениците на граничната полициска станица Груда утврдиле дека во областа Цавтат  сообраќаен знак, корпата за отпадоци и информативната табла биле облепени со налепници што содржеле кирилични букви, и ја изгубиле својата намена и име, објави moriski.hr.

Кога полицијата добила пријава, биле пронајдени двајца државјани на Македонија, додека третиот осомничен бил пронајден следниот ден, односно во сабота, 30 мај, на аеродромот.

Станува збор за млади мажи на возраст од 23, 25 и 26 години кои имаат дозвола за престој во Хрватска.

Тие биле донесени во полициските простории за кривична постапка, по што против нив е поднесена кривична пријава и предадени на единицата за притвор на Полициската служба Дуброво-Неретван.