Колони на возила може да се забележи на скоро сите гранични премини за излез од државата, поради споениот викенд.
Oд камерите на Јавното претпријатие за државни патишта кои ја пренесуваат состојбата на граничните премини за излез од земјата, може да се забележи дека на граничниот премин „Табановце“ и „Богородица“ има најмногу метеж, додека на другите гранични премини колони на возилата се помали.


Зголемената фрекфенција на возила на граничните премини е слика која веќе традиционално се случува секогаш особено за време на викендите, кога во петок е неработен ден.











