Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонeц кој управувал со камион се судрил со автомобил во Албанија, загинала сопатничката

/

пред 614 дена

Сподели преку :

Македонски државјанин со камион учествувал во сообраќајна несреќа на магистралниот патен правец Прењас – Либражд при што загинала сопатничката во автомобилот кој го уптавувало 34 годишно лице.

Според информациите на албанските медиуми,  до несреќата дошло околу полноќ.

„Возилото управувано од 34-годишен маж се судрило со камионот управуван од државјанин од Северна Македонија“, известува „Топ ченал“.

Во несреќата животот го загубила сопатничката, а возачот на автомобилот е тешко повреден.

Повредениот првично бил пренесен во болницата во Либражд, а потоа во регионалната болница во Елбасан.

Се сомнева дека причина за несреќата е движењето на возилата со брзина над дозволената на остра кривина во Пишкаш, додека се прибираат докази за инцидентот за да се утврдат причините кои довеле до сообраќајката.