Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонец уапсен во Грција, возел со двојно поголема брзина од дозволената

/

пред 201 дена

Сподели преку :

Грчките медиуми информираат дека Полицајците од Килкис уапсила македонски државјан кој бил фатен како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 110 километри на час, велат од регионалната полициска дирекција на северна Грција.

Уапсениот е 49-годишен македонски државјанин кој бил запрен на автопатот Солун-Евзони, односно на патот што води кон граничниот премин со нашата земја за излез од Грција, каде што возел со двојно поголема брзина од дозволената.

Државната телевизија ЕРТ објави дека на уапсениот му се одземени возачката дозвола и регистарските таблици, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.