Националниот кондиционен тренер на фудбалските судии во Македонија, Сашо Даневски и официјално е назначен за главен фитнес тренер на елитните УЕФА судии.
Даневски е професор по Физичка култура и спорт на Воената Академија во Скопје, а има и богато натпреварувачко искуство во атлетиката. Повеќе од пет години, тој активно учествува во создавање, имплементирање и подобрување на програмите за физичка спремност на судиите кои ја делат правдата на највисоките по ранг европски фудбалски натпреварувања.
Дел од неговите досега најзначајни УЕФА ангажмани се физичката подготовка на судиите, за последните Континентални фудбалски собири во машка (2024 година) и женска (2025 година) конкуренција.
Гостување на Сашо Даневски во Фер-плеј со Јана (2025 година).











