Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија добива републичка пожарна со пренаменети армиски и полициски возила

/

пред 470 дена

Сподели преку :

Дирекцијата за заштита и спасување добива своја прва републичка пожарна единица составена од 50 пренаменети армиски и полициски возила, наменети за гаснење на шумски пожари.

Возилата се опремени со резервоари од 1,5 тони, пумпи со висок притисок и можност за движење по најтешко достапни терени.

Целата иницијатива е резултат на соработка меѓу Владата, општините и општествено одговорни компании и лица.

Премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на армискиот полигон „Криволак“ нагласи дека станува збор за возила кои повеќе од осум години биле запуштени и некористени.

Преку нивна обнова и модернизација, државата не само што ги зголемува капацитетите за справување со пожари, туку и заштедува милиони евра.

Дополнително, информираше дека наскоро ќе пристигнат и два авиони за гаснење пожари од сервис, а до крајот на август и трет.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, истакна дека за првпат Македонија располага со сериозни ресурси за борба против шумски пожари, а градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, објасни дека целокупната опрема потекнува од магацините на Министерството за одбрана и МВР и е темелно реновирана.

Со оваа иницијатива, државата стапува во нова ера на организирано и ефикасно справување со природни катастрофи.