Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД бара примена на европска правда за Македонците во Бугарија

/

пред 1635 дена

Сподели преку :

Во својот годишен извештај за состојбата со човековите права во Бугарија, Американскиот Стејт Департмент, или министерството за надворешни работи, го критикува нашиот источен сосед за дискриминација на етничките Македонци во државата.

При тоа, се посочува дека властите одбиваат да ги регистрираат активистичките групи и организации на Македонците, како Обединетата македонска организација „Илинден“, потоа Друштвото на угнетените Македонци – жртви на комунистичкиот терор, Здружението за одбрана на индивидуалните граѓански права и Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија.

Како што се подвлекува, ова се случува и покрај 14-те претходни пресуди на Европскиот суд за човекови права, коу утврдуваат дека постапките на властите во Софија ја нарушува нивната слобода за здружување.