Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија под влијание на умеренo топол бран од Африка

/

пред 462 дена

Сподели преку :

Нашата земја продолжува да биде под влијание на стабилно, суво и сончево време, со слаба до умерена локална облачност и повремени засилувања на ветрот кој дува од северен правец. Во текот на оваа работна недела, Македонија ќе биде зафатена од умерено топол бран од Африка, со температури кои ќе достигнуваат од 31 до 38 степени, а во Скопје ќе се движат околу 37-38 степени.

УВ индексот ќе остане многу висок, со вредности до 9, па се препорачува да се внимава со изложеноста на сонце, особено во пладневните часови. И покрај жештините, барем засега не се очекува поголем влажен бран кој би ја прекинал долготрајната суша. Сепак, утре и во петок постојат услови за локален краткотраен дожд и грмежи, главно во попладневните часови и претежно во планинските предели.