Македонија и Европската Унија (ЕУ) попладнево ќе потпишат Партнерство за безбедност и одбрана. Церемонијата на потпишувањето е закажана за 16 часот во европската служба за надворешнo делување. Документот ќе го потпишат Жозеп Борел, висок претставник на унијата за надворешна политика и министерот за надворешни Тимчо Муцунски.
Од министерствоито за надворешни велат дека ова партнерство ќе овозможи заедничко справување со хибридните закани, унапредување на сајбер-безбедноста, борба против тероризмот, спроведување на мисии и операции, како и соработка во други области од доменот на одбраната и безбедноста.
Македонија, заедно со Албанија, се првите земји од регионот на Западен Балкан со кои ЕУ ќе воспостави ваков вид на партнерство. Овој значаен чекор следува по слични договори склучени со Канада, со Норвешка и со Молдавија кои дополнително ја истакнуваат посветеноста на Унијата за јакнење на европската безбедносна архитектура.
Во овие моменти во Брисел се одржува прес-конференција во рамки на советот за надворешни работи на која се очекува Борел да се осврне и на потпишувањето на партнерството за безбедност и одбрана.











