По потпишаниот меѓувладин договор, денеска држаниот секретар на Обединетото кралство и министрот за надворешни работи ставија уште еден потпис на стратешкото партнерство со Обединетото кралство.
Декларацијата што ја потпишаа е надоврзување на договорот потпишан од министерот Николоски во мај годинава и потпишаните спогодби, Изјавата за соработка за борба против организираниот криминал, Договорот за одбранбена соработка и спогодбата за партнерство и трговија.
Приоритетни области на кои владите ќе соработуваат се областа на одбраната, надворешната политика, безбедноста, правдата и незаконски финансираните текови.
Опфатени се и ранливоста на границите и проблемот со мигрантите,што предизвика реакции во нашата јавност, но како што тврдат од владата, не се работи за прифаќање на мигранти кои не добиле азил во Обединетото Кралство туку за соработка со меѓународни партнери за прекинување и растурање на криминалните мрежи кои дејствуваат и вон националните граници, откривање, истрага и кривично гонење на сторителите кои овозможуваат криумчарење на мигранти преку територијата на Македонија, преку зголемена соработка меѓу надлежните органи за спроведување на законот, како и соработка во целите на спречување на нерегуларната миграција на државјани од трети земји преку Македонија, вклучително и спроведување активности со кои се осигурува безбедното враќање на нерегуларните мигранти во земјите на нивно потекло и транзит.
Од Лондон за Телма се јавува Далиборка Демјанска Цевтановска
(Видео) Утре во Лондон уште еден потпис на Договорот за стратешко партнерство











