Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија се празни: Повеќе починати отколку родени додека бројот на разводи се зголемува

/

пред 94 дена

Сподели преку :

Природниот прираст во Македонија е негативен и во градските и во селски средини, односно има повеќе умрени од новородени, објави Државниот завод за статистика. Па така, лани во државата се родиле 15.850 а починале 20.287 лица.

Или бројот на новородени е помал за 4.437 на ниво на држава при што разликата е поголема во градските отколку во селските средини.

Расте и бројот на разведени па така лани имало  2.185 разводи за разлика од 2020 година, кога имало  1.569. Паралелно се намалува бројот на склучени бракови, па така лани имало 10.507 додека во 2021 година имало 13.337.