Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија седма на Детската Евровизија 2025

/

пред 305 дена

Сподели преку :

Македонската претставничка Нела Манческа со песната „Miracle“ го освои седмото место на 23. издание на Детската Евровизија, кое се одржа во Тбилиси, Грузија. Таа импресионираше со енергичен и моќен настап, награден со силен аплауз од публиката.

Според стручните жирија, Манческа освои 92 поени и се пласираше на петтото место во тој сегмент, додека од публиката доби дополнителни 49 поени, што ја донесе до конечната седма позиција.

Песната „Miracle“ е авторско дело на Лазар и Магдалена Цветкоски.

Победата на Детската Евровизија 2025 ја однесе Франција со песната „Ce Monde“, пред домаќинот Грузија и Украина.

Со пласманот во топ 10, Македонија уште еднаш го потврди својот потенцијал на европската музичка сцена.