Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија симната од дневен ред на седницата во бугарското Собрание – Милков не се појави

/

пред 1366 дена

Сподели преку :

Министерот Милков не дојде на седницата на Народното собрание во Софија каде што требаше да ги образложи деталите за нападот на македонскиот државјанин Христијан Пендиков во Охрид.

Согласно, точката која беше најавена како сослушување на службениот министер за надворешни работи Николај Милков во врска со уште еден случај на физички напад врз Бугари и бугарски државјани во Македонија е симната од дневен ред на седницата.

На барање на ГЕРБ, бугарските пратеници ја сослушуваат претседателката на Централната изборна комисија Камелија Неикова  во врска со подготовките за претстојните парламентарни избори, вклучително и резултатите од тестовите за гласање со хартиено ливче.

Утринава, на претседателот Радев му беше вратен и третиот мандат од страна на лидерката на БСП Корнелија Нинова која требаше да формира влада.  Левицата го враќа мандатот точно една недела по преземањето.