Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алијанса за Албанците тврди дека на изборите гласале и мртви луѓе

/

пред 2266 дена

Сподели преку :

Алијанса за Албанците поднела околу 150 приговори до ДИК за неправилности на денот на гласањето но сите беа експресно одбиени, вели Арбен Таравари.

Вели дека Алијансата има имиња на конкретни луѓе кои во моментов не се во земјата но и имиња на луѓе кои починале а гласале на изборите.

Нека изберат едно изборно место во Зајас, нека изберат ДИК, ДУИ или било кој и нека ја отворат кутијата. Ако се сите луѓе присутни од тие што гласале, а тоа може да се види и преку граничната служба, дали тие луѓе влегле и гласале. Доколку само од едно избирачко место се констатира дека сите тие што гласале се тука, тогаш ние за 5 минути ќе излеземе и ќе го прифатиме изборниот резултат и ќе им понудиме на ДУИ нашите 12 пратеници од коалицијата Алијанса/Алтернатива да им стојат на располагање цел мандат од 4 години, вели Таравари.