Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Амбулантата за преглед на мигранти во Гевгелија станува дневна болница за пациенти со КОВИД – 19

/

пред 2191 дена

Сподели преку :

Амбулантата за преглед на мигранти во гевгелиската општа болница ќе се пренамени во дневна болница за пациенти со КОВИД – 19 коишто имаат лесна клиничка слика.  Пунктот ќе биде за пациенти коишто имаат потреба од инфузиона терапија, или пак за прием на тестирани пациенти за коишто се чекаат резултати а покажуваат одредени симптоми. Во дневната болница ќе има шест кревети, а ќе работи медицинска сестра којашто ќе се грижи за пациентите, додека прегледи ќе вршат интернист и епидемиолог. Доктор Сашко Олумчев вели дека есенскиот перод е предизвик и ќе мора да се внимава поради појавата и на други респираторни болести кај граѓаните.

И струмичката општа болница направи пренамена на постоечка амбуланта за прием на новорегистрирани пациенти со корона – вирус. Хриушкаата амбуланта отсега ќе биде во новиот крак, додека просториите ќе служат за пациенти со КОВИД – 19.

Во Струмица и Гевгелија е планирано да се подигнат ковид – болници, но засега нема најава кога ќе почнат со монтажа.

Сузана Мицева