Бени Шаќири е кандидат за градоначалник на Скопје од ДОМ и ЛДП, а носител на листа е микробиологот доктор Никола Пановски.
Се работи за личности кои се исклучително ценети во својата професија, луѓе со авторитет, чесни и искрени, стари скопјани. Се работи за луѓе кои ќе работат во интерес на граѓаните, кои интересот на Скопје ќе го стават пред сè и над сè. Луѓе кои ќе обединуваа, напиша лидерот на ЛДП, Горан Милевски.











