Во полициската станица Бит Пазар пред 40 минути, Билал Касами пристигна за да го пријави исчезнувањето на пратеникот Кастриот Реџепи.
Новинарот на Телма, Павле Беловски е пред полициската станица каде се присутни повеќе новинарски екипи.
Касами е внатре и го пријавува случајот на надлежниот дежурен инспектор, додека пред станицата се неколку полицајци од пладневната смена.
Реџепи инаку е пратеник од Скопја и неговата адреса на живеење е во Чаир.











