Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бројот на заразени расте во Гевгелија, но нема притисок врз болниците

/

пред 1860 дена

Сподели преку :

Големиот број вакцинирани, заедно со граѓаните кои го прележале корона-вирусот се на пат да создадат колективен имунитет на југот од државата, смета гевгелискиот епидемиолог доктор Сашо Олумчев. Тој потенцира дека тоа што Гевгелија е на врвот по возрасни вакцинирани граѓани е голем придонес за борбата со ковид-19.

Бројот на заразени е во пораст и во Гевгелија, но засега нема никаков притисок врз болниците, вели Олумчев.

Брзиот пораст на заболени во државата според епидемиолозите е резултат не само на опуштеноста на граѓаните во летниот период, туку и на ширењето на делта сојот, кој е за 60 до 70% поинфективен од претходната варијанта.

Сизана Мицева