Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Велешкиот суд му одреди притвор на Панчевски

/

пред 2276 дена

Сподели преку :

Велешкиот суд му определи притвор на експретседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски откако не се појавил на денешното рочиште а не бил присутен ниту неговиот бранител.

Информацијата први ја објавија од Коалицијата за правично судење кое го следи овој судски процес. Од велешкиот суд за Телма потврдија дека му е определен притвор заради обезбедување на присуство на судење. Притворот трае од денот на приведувањето до објавувањето на предудата, но не може да трае подолго од 30 дена. Пред една година скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог против Панчевски за злоупотреба на службената положба во врска со АКМИС-от, системот за управување со судските предмети во Кривичниот суд.

Иако судењето требаше да почна наесен до сега овој судски процес се уште не е започнат со главна расправа. Апелација одлучи на Панчевски да му се суди во велешкот суд за да се избегне евентуална непристрасност бидејќи е поранешен претседател и поранешен судија во Скопскиот основен суд.